Маја Оџаклиевска му го посвети животот на внукот болен од аутизам: „Ќе се борам за неговото здравје сé додека имам сила за тоа“
Последните неколку години пејачката Маја Оџаклиевска својот живот му го посвети на својот внук Лука.

Таа отворено зборува за проблемите со кои се соочува бидејќи нејзиниот внук е болен од аутизам и претставува зрнце надеж и за останатите семејства кои се соочуваат со ваков проблем.
„Кога имав четири години, пронајдов мало куче скитник, кое не смеев да го донесам дома, а на кое секојдневно му носев оброци од дома, се додека не порасна. Тогаш почувствував дека сакам да се грижам за оние кои се немоќни. Сама ги воспитував и чував своите деца, за кои мислам дека се добри луѓе. А сега сето свое внимание му го посветив на малиот Лука“, вели Маја во своето последно интервју за „Курир.рс“. Таа се грижи за синот на нејзината ќерка со нејзината мала пензија и подготвена е да направи сé само да му помогне.
Маја во емисијата „150 минути“ откри како изгледа нејзиниот живот со внукот Лука, но и дека живее со мала пензија со која не може многу што да му пружи на својот деветгодишен внук, но за среќа тој го разбира тоа.

„Не е бесно дете кое по секоја цена сака да биде по негово“, вели Маја која потполно отворено зборува на оваа тема.
Инаку, Маја е мајка на две ќерки, Теа и Андреја. Денес живее скромно, без гламур, а своето време максимално му го посвети на својот внук со кого се неразделни.
Во последните 15 години многу ретко можеме да ја видиме да гостува во некои емисии, а уште по ретко на настапи.

Таа важи за еден од најквалитетните вокали во регионот, а родум е од Скопје. Веќе долги години живее во Белград, а малиот Лука е син на нејзината помлада ќерка Теа која веќе некое време не живее во Белград.
Маја смета дека за болеста на нејзиниот внук виновна е ММР вакцината која што ја примил кога имал две години.
Еден месец откако ја примил вакцината, почнал да се затвора во себе и да се изолира, а откако им ја кажале дијагнозата се обиделе со разни методи на лечење да му помогнат на малиот Лука.
Што е аутизaм?
Аутизмот е пореметување на мозокот кој влијае на комуникацијата и поврзувањето на поединецот со околината. Првите знаци за оваа состојба се јавуваат во раното детство. Симптомите можат да бидат благи, понекогаш и незабележителни и можат многу да варираат.
Некои аутистични деца имаат страв од разговор со другите луѓе од околината, а некои покажуваат извонредни способности во определени области. Според некои статистики, аутизмот се јавува кај 1 од 88 деца и тоа дури 5 пати почесто кај момчињата отколку кај девојчињата.
Научниците сè уште не знаат која е вистинската причина за појавата на аутизмот, но постојат некои докази дека гените играат клучна улога. Докажано е дека родителите кои имаат едно дете со аутизам имаат дури 19% поголема веројатност и следното дете да страда од истата болест, а ризикот пропорционално расте со секое следно.
Како аутизмот влијае на мозокот?
Аутизмот влијае на деловите на мозокот кои ги контролираат емоциите, комуникацијата и движењата на телото. Бебињата кои страдаат од аутизам, може да имаат изразено голема глава и мозок, што се јавува како последица на неправилниот развој на мозокот. Абнормалностите, кои се пренесуваат од генерација на генерација, влијаат врз развојот на мозокот, претпоставуваат научниците. Тие се надеваат дека наскоро ќе развијат методи со кои ќе можат прецизно и со сигурност да го дијагностицираат аутизмот.