Маријана скршена од бoлка се прости од својот поранешен сопруг – НОВAЧЕВСКИ ја изгуби биткaта, еве од што беше бoлен!
Македонската пејачка скршена од болка се збогува од големиот композитор и нејзин некогашен сопруг.
Вчера по долго боледување од рак на белите дробови по-чина еден од најдобрите македонски композитори Тоде Новачевски и поранешен сопруг на пејачката Маријана Новачевска.
Веста за неговата cмpт ја објави етнологот и музички новинар Бранка Костиќ Марковиќ.
„Драг мој професоре нека ви е светол патот. Секогаш ќе ме потсетувате на најубавата хармонска прогресија. Почивajте во мир“, напиша Бранка на Фејсбук.
На својот фејсбук-профил од Тоде се прости и Маријана која сподели и песна.
„Рековме ЗБОГУМ.
Сакам песно моја да те испеам
сета болка своја, како солза да ја слеам …
Одлетај песно моја, моја гулабице
побарај ведро небо за мојот бол на срце. Пoчивај во мир Тоде мој таму каде болките и премрежјата не постојат“ напиша Маријана.
Тоде и Маријана беа разведени. Тој во интервју за „Свет Австралија“ лани зборуваше за двегодишната бора со ракот, но и за односот со неговата поранешна сопруга Маријана и нивните деца.
Тогаш рече дека за ќерка му Билјана може да зборува со денови, а во исто време е благодарен што Маријана не дозволила нивната разделба и развод негативно да влијаат во нивниот однос кон децата.
„Децата се најмалку виновни за недоразбирањата во нашата врска. По две децении од разводот, јас сега јасно ги гледам моите слабости кои ги имав во тој период. За мојата одлука да заминам не обвинувам никој друг, ниту Маријана. Ова го тврдам иако сум свесен дека разликите помеѓу нас почнаа да се зголемуваат токму од моментот кога одлучивме да останеме во Австралија. А одлучивме затоа што наместо да заработиме за мебел во станот во Скопје, ние тешко заработените пари од нивните настапи ги трошевме за друго“, раскажа тогаш Тоде.
Од Тоде се прости и Росана која во изјава за „Репортер“ рече дека се многу тажни и дека сè уште не можат да се соземат, особено што во моментов нејзината сестра е во Австралија каде долги години живее.
Инаку Маријана во Австралија се одлучи и за промена на професијата, па се вработи како стоматолог.
Маријана од бракот со композиторот Тоде Новачевски со кој долго време беше во брак ги доби синот Филип и ќерката Магдалена од кои често споделува фотографии и повеќе од јасно е дека е горда мајка и баба.