Васил Зафирчев се сонча покрај Охридското Езеро
Познатиот македонски актер и поранешниот сопруг на Калиопи, Васил Зафирчев, објави фотографија на која позира во костим за капење. Фотографијата е направена покрај Охридското Езеро, а покрај „купаќите“ Васил носи и тренди очила за сонце.
Васил важи за еден од најдобрите македонски актери, а нашата публика покрај бројните театарски претстави особено го засака по неговата генијална улога на готвачот Марио од македонската хит телевизиска серија Преспав. Тој во неговото интервју за Гламур за оваа улога ќе каже „Марио е лик кој суштински се разликува од мене како карактер. И од него ги научив токму валерите на лесно и ненаметливо преминување од едно во друго расположение, ситуација или околност“.
Покрај ова, Васил ќе открие и што мисли за модата. И како што вели, таа за него преставува начин на живот.
„Преку начинот на кој се облекуваме го еманираме она кое го мислиме и чувствуваме, но и она кое сакаме да го испратиме како порака. Мојот стил во јавноста е резултат на мојот интензивен внатрешен живот како уметник. И затоа е секогаш едноставен, елегантен, а сепак драматичен и театрален“.