Македонскиот музичар за најважната жена во животот: „Ако не беше ти, немаше да бидам ова јас денес“
Македонскиот музичар со емотивна порака а својата мајка.

Горан Папаз е најдобриот и најангажираниот македонски саксофоност.
Потекнува од Охрид и уште од многу млад ја започнал својата музичка кариера.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Освен во Македонија настапува и надвор од нашата земја на разни манифестации и семејни прослави.
Кога тој ќе засвири никој не останува рамнодушен, а каде и да настапува забавата е загарантирана.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Активен е и на социјалните мрежи, каде и често споделува семејни фотографии.
Неколу години е во брак со својата избраничка Наташа Атанасовска, а од првиот брак го има и синот Дамјан.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Еден е од ретките кои без проблем и јавно ги изразуваат своите емоции и честопати на социјалните мрежи пишува емотивни објави посветени за неговите сакани.
Овој пат тоа го направи за својата мајка, а причина за тоа беше нејзиниот роденден.
ФОТО: Фејсбук / Горан Папаз
Тој сподели нивна заедничка фотографија, а во опис напиша:
„За мене си синоним за неуморност, упорност и добрина.
Немаше да бидам ова јас денес, ако не беше ти.
Среќен роденден мајка, денес е твој ден, те сакаме“.