Македонската пејачка повикува: „Во 17 часот излезете на тераси и со долг аплауз да им дадеме поддршка на здравствените работници и на министерот Филипче“
Нашата пејачка Кристина Арнаудова, преку својот Фејсбук профил повика во 17 часот да им дадеме поддршка на здравствените работници и на министерот Филипче.
„Цела Европа им заблагодарува со симболичен аплауз на сите вклучени во првите редови во борбата со Корона вирусот, здравствените работници! Тие заслужуваат и многу повеќе од аплауз, особено екипата на чело со министерот Филипче, но барем тоа можеме да го направиме, нели? Ајде денес 15.03.2020 сите да излеземе на терасите и со долг аплауз да ги поздравиме и да им се заблагодариме, за целата грижа и жртва која ја прават за ние да сме мирни и здрави! Ајде точно во 17ч сите да излеземе на терасите? Шерувајте ја оваа иницијатива и приклучете ми се!!“, напиша Кристина на својот Фејсбук профил.
Арнаудова е преседател на проект Среќе во едно интервју за Гламур таа изјави: Моето здружение, кое е оформено од пред 5 години, и главна цел има да го подобри квалитетот на живеење на сите деца со помалку можности од целата земја. Сакам да им дадеме шанса, да им пружиме рака, да им помогнеме да се изградат во образовани, едуцирани и добри личности, да им го надоместиме она кое им недостасува да бидат среќни.