Македонската пејачка доживеа огромен успех: На среќата ѝ нема крај – на ова работеше 9 години
Честитки пристигнуваат од сите страни, македонската пејачка доживеа огромен успех.
Андријана Јаневска стана доктор на науки.
Таа е доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години.
ФОТО: Фејсбук / Андријана Јаневска
Со нејзините песни порасна цела една генерација, а Андријана остави и сѐ уште твори музичко богаттво.
Скоро ниту еден популарен македонски пејач не е музички поткован како Андријана.
ФОТО: Фејсбук / Андријана Јаневска
Освен на музиката, Андријана е посветена и на своето семејство.
Од 2009 година е во брак со познатиот македонски гитарист, Драган Гиновски Гино. Тие двајца се сопственици на музичкото студио Гиновски.
ФОТО: Фејсбук / Андријана Јаневска
Плод на нивната љубов се нивните синови Димитар и Кристијан.
Заедно со семејството, Андријана живее во семејната куќа во Бардовци, за која многупати има истакнато дека е нејзината оаза на мирот.
ФОТО: Фејсбук / Андријана Јаневска
На социјалните мрежи пејачката се пофали дека постигнала огромен успех.
Имено, таа ја заврши и одбрани својата докторка дисертација и стана доктор на науки.
Честитки пристигнуваат од сите страни.