Македонката со својот талент направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ – Шерифовиќ воодушевена, а Цеца остана разочарана (фото)
Големо БРАВО за младата пејачка!
Шеснаесетгодишната Драгана Костова од Струмица со песните „Tајно моја“ и „Танго“ направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа беше во дуел со Милица Мишиќ (18) од Смедерево, а резултатот од гласањето беше 6:4 за нашата пејачка.
„Драгана браво за втората песна, за првата може да се дискутира за моментот додека да се распееш, но на втората ти честитам, еден ораториум што искина сé, односно ти го расцепи“, и порача Босанац на Драгана.
Саша Поповиќ истакна дека беше повеќе од јасно дека Костова е феноменална, па ги праша останатите да го коментираат настапот на Мишиќ.
На крајот Марија Шерифовиќ, која и е менторка на младата пејачка од Македонија, изјави дека нејзината кандидатка беше фантастична, а Светлана Цеца Ражнатовиќ ја бранеше својата и и’ посака среќа во баражот.
Инаку, Младата струмичанка и во претходниот круг со својот моќен вокал ги воодушеви сите во студиото.
Тогаш по нејзиниот настап Поповиќ и даде да избере кој ќе и биде ментор, а Костова без да размислува ја избра Шерифовиќ.
Таа пред неколку години учествуваше и во шоуто „Некои нови клинци“, кога стигна до самото финале, а потоа и го освои престижното второ место.
Многумина се сигурни дека и во ова шоу ќе стигне далеку, а за сега важи за една од пејачките со најдобар глас.
https://www.instagram.com/p/CVv28GrLnyA/
https://www.instagram.com/p/CaSehkRr7Hb/
Фото: Инстаграм/ Драгана Костова
Фото: Инстаграм/ Драгана Костова
Фото: Инстаграм/ Драгана Костова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд