CelebrityНовости

Македонката која ја освои Југославија ја жртвуваше богатата кариера за својот внук – потресна исповед на Маја Оџаклиевска

Advertisement

Маја Оџаклиевска беше една од најистакнатите пејачки на естрадата во поранешна Југославија.

Advertisement

Нејзините песни сите ги чекаа со голема возбуда, а плочите и се продаваа во огромни тиражи. Сепак, Маја одлучи да се повлече од музичката сцена, уште пред 20 години, сега можеме само понекогаш да ја видиме на некое телевизиско гостување.

Маја пелнела со раскошниот глас и со нејзината природна убавина, а нејзината бујна долга коса често ги оставала луѓето без здив.

Многу мажи лудувале по Маја, а таа не крие дека имала доста пропаднати врски.

Advertisement

Во една прилика Маја изјавила дека имала 12 бракови.

– Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде моментот да заѕвонат ѕвоната ќе почне да ми смета однесувањето, и секогаш се ставам пред сите и само велам „Чао, довидување и нов брак“. Мојата мајка зборуваше: Еден се истегнува, друг се протега, рекла таа во гостување на една емисија.

Маја повеќе не се занимава со музика, а професијата која ја пронајде по богатата музичка кариера сите ќе в е изненади.

Имено, пејачкатаа се занимва со разноразни работи: од продавање на кучиња и мачки, преку давање приватни часови по пеење, па се до чување на деца.

– Работев како надзорен орган во фирма на мој пријател кои се занимава со увозни половни автомобилски гуми. Во тој момент, тоа беше единствена работа која можев да ја најдам , многуте сметки ме гушеа. Што фали? Едвај крпам крај со крај, но така живеат огромен број на луѓе во оваа земја. Не се срамам од ниту една чесна работа, се двојам, изјавила Маја Оџаклиевска во едно интервју пред 12 години.

Маја сега целосно е посветена на семејството, а најмногу е посветена на својот внук Лука кој во 2013 година му е дијагностициран аутизам.

Таа открила дека Лука осум месеци живеел само со неа и дека почетниот период воошто не бил лесен.

– Првите три месеци беа тешки. Се одвои од родителите тој тоа го манифестираше со самоповредување. Тоа е многу типично за аутисчитчни деца. Кога тој сфати дека јас сум некоја која бесусловно го сака, така тој стана памук со мене и кон себе, рекла пејачката.

– Грижата за Лука ја делиме јас и мојата ќерка, разлика е тоа што јас сфаќам дека тој има проблем, а таа тешко прифаќа. Тоа е инаку својствено за родителите кои го имаат овој проблем. Така воедно помагам и на неа во растењето на Лука, додала таа.

Сепак, Маја своевремено признала дека веќе некое време живее до пензија која изнесува 33.000 динари.

– Со поставената дијагноза, Лука доби мала парична помош, која на нас и тоа како добро ни доаѓа, со оглед на мојата мала пензија. Со тоа не го решивме неговиот проблем, бидејќи има маалку институции и училишен кадар за вакви деца.

За да напредува такво дете, за да се осамостои – бидејќи родителите не се вечни, потребна е стручна помош, а кадри има многу малку.

Освен тоа, голем дел е и воспитувањеето и родителската грижа. Многу семејства сами се грижат, дури и не бараат помош, бидејќи се срамат од овој проблем. Затоа јас гласно го кажав овој проблем, бидејќи секоја помош е добредојдена.

Ни помагаат на нас и институцијата каде Лука оди во училиште, а ми помагаат и пријателите кои знаат дека јас и ќерка ми и Лука имаме проблем.

Сепак, најмногу помага свеста дека имаме проблем. Кога еднаш ќе се соочите со тоа, почнувате да идете по пат кој ќе го ублажите бидејќи му се посветувате со цело битје и затоа што има многу добри луѓе кои се желни за помош, раскажала пејачката.

– Не можам многу да му пружам на мојот внук, но тој е разумен. Кога ќе му кажам: „ Не може, за тоа немаме пари“ ќе се налути но молчи. Не е бесно дете кое сака 100 посто да си го истера своето, искрена е Оџаклиевска.

Маја во медиумите доста зборуваше за својот внук Лука и како со него ги минува деновите, а открива дека Лука се смирува од нејзиниот глас.

– Сакав да го слуша мојот глас бидејќи тоа го смирува, кога му се обраќам, јас тоа го правам смирено, кога ќе полудам тој почнува да плаче, искрена била таа.

Пејачката неодамна за емдиумите рекла дека таа и Лука ќе поминат време во изолација за време на вонредната состојба.

– Имам тараса на која често седам или евентаулано во дворот кој го преградивме уште пред неколку години, имаме поплочен дел и дел со трева, па така јас и Лука го поминуваме времето во изолација, рекла Маја.

 

Извор: Објектив.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button