Наши ѕвезди

Македонката која стан хит во регионот: Теона Сима руши рекорди на Тик Ток и Инстаграм

Видеата на оваа девојка од Македоија рушат рекорди на гледаност на Инстаграм и Тик Ток.

Advertisement

Теона Сима стана хит на социјалните мрежи откако сподели видео на Тик Ток преку кое покажа дека зборува неколку јазици.

Македонија дефинитивно има со што да се гордее, а нашата младина има на кој да се угледа.

ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

Македонката Теона која на Инстаграм е потпишана како The Language Blondiе, на забавен начин покажа како звучи македонскиот јазик кога го зборуваат странци.

Advertisement

Но, видеото во кое таа е во улога на презентер на вест од различни држави и на 8 јазици, со совршен акцент презентира вести од светот.

ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

Токму поради совршениот изговор на повеќето јазици кои ги зборува, луѓето се прашуваат од каде е оваа девојка.

Убава, талентирана, навистина има што да му покаже на светот.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

Дваесетгодишната Теона инаку е од Скопје, а во моментов е на студии по новинарство и психологија на Американскиот Универзитет во Бугарија.

Како што раскажа за Црнобело, член е во АУБГ Олимпикс и работи како водител на спортските настани и натпревари ки ги организира факултетот.

ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

Течно зборува 5 јазици, разбира и може да води разговор на уште 3, а може да звучи како да зборува течно уште 5 јазика.

Бидејќи студира на англиски, така го усовршила тој јазик, француски учела во средно и на курс, бугарскиот го наушила бидејќи веќе живее таму, а за сите други јазици е самоука.

ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

Нејзината цел на социјалните мрежи е со својата одлична смисла за хумор да ги забавува и насмее своите следбеници и навистина успева во тоа.

Светот допрва ќе слушне за оваа талентирана девојка.

Браво Теона!

ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

ФОТО: Инстаграм / Теона Сима

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button