Македонецот што се појави во „Ѕвездите на Гранд“ овој пат ги зaпaли СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – се coблeче и ги покажа мускулите!
Ова момче се уште ги освојува дамите
Тој често добиваше комплименти за својот изглед за време на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ каде доминираше и со својот глас.
Поприлично е популарен и на социјалните мрежи, а за својот изглед постојано добива бројни позитивни коментари.
Во прашање е Филип Пецовски за кој зборуваше целиот регион кога прв пат се појави во 13 сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Погледнете како тој изгледа денес:
Инаку Филип важеше и за еден од ретките мажи во ова шоу кој немаше проблем да танцува на сцената за време на неговите фантастични настапи, а во последната емотивна емисија се надмина самиот себеси и доби громогласен аплауз како од публиката, така и од жирито.
Тој и беше миленик на Јелена Каршеула која многу пати го пофали дека изгледа како манекен.
Филип кој со своите одлични гласовни способности и интересни кореографии не ретко ја стануваше публиката на нозе, очигледно знае како да ги изненади претставничките на понежниот пол.
Впрочем тоа го прави и со неговите фотографии на социјалните мрежи, а некои од нив погледнете во продолжение.
Филип исто така е еден од ретките финалисти во популарното музичко шоу кој во рок од само неколку месеци по завршување на натпреварот објави неколку свои песни кои одлично поминаа кај публиката.
По двете брзи песни „Хола мами“ и „Црно ламборџини“, тој ја објави и баладата од Тоше Проески „Боже брани ја од зло“.
Многумина тогаш коментираа дека ова е преголем залак бидејќи гласот на Тоше е еден и единствен, но Филип сепак успеа да ја отпее оваа балада на свој начин и да биде подеднакво оригинален како и во оригиналот.