Наши ѕвезди

Македонецот кој со својот глас го освои регионот конечно откри за што НАЈМНОГУ се кае во врска со „Ѕвездите на Гранд“

Advertisement

Момчето кое со својот глас го освои регионот откри за што се кае додека се натпреваруваше во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Под менторство на Марија Шерифовиќ, Огнен Здравковски стигна и до самото финале во 2018/2019 година сепак не е целосно задоволен.

Иако музичката кариера му тргна во нагорна линија, Огнен за „Grand news“ вели дека се кае бидејќи во музичкото шоу не експериментирал.

Пејачот неодамна направи промена и стана русокос, па откри и зошто се решил на таков чекор.

Advertisement

„Сакам промени и ги следам трендовите. Почувствував потреба за промена, а воедно и подготвував нов спот во кој сакам да изгледам поразлично“, вели Огнен.

Вели дека најважно е да се биде различен и да се прават промени, тоа е нешто по што луѓето може да ве запаметат.

„Јас додека се натпреварував немав промени и ми е криво што не го правев тоа затоа што можеби ќе поминав подобро, луѓето паметат кога си впечатлив“, изјави Здравковски за „Grand news“.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Тој вели дека му недостигаат „Ѕвездите на Гранд“ и дека доколку би имал шанса повторно да се пријави, тој повторно би ја избрал Марија за ментор.

Не ни чудо што ова момче има дарба за пеење и музика. Талентот го има наследено од неговата мајка, но и од неговиот вујко.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Неговата мајка е познатата оперска пејачка Софија Џорлева, сестра на маестро Зоран Џорлев.

Огнен Здравковски реши да тргне по чекорите на членовите од неговото семејство, а се прослави во „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Марија не криеше дека Огнен е еден од нејзините омилени пејачи во групата, а набргу по натпреварот на сите н стана јасно зошто е тоа така. Имено, Огнен ги оправда очекувањата на својата менторка, а подоцна се спријатели и со Саша Ковачевиќ кој неодамна јавно го поддржа, изјавувајќи дека цврсто верува во неговиот музички талент кој е неприкосновен.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Младиот пејач во изминатиов период објави неколку генијални синглови, а неодамна изјави дека би сакал да снима дует со Саша Ковачевиќ.

И бидејќи покрај себе имал вакви виртуози, воопшто не се сомневаме дека пред Огнен е блескава музичка кариера.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button