Луѓето преплашени: Лилјак со големина на човек виси пред врата

За многумина тоа страв поттикнат од хорор филмовите и најстрашните кошмари – лилјак со големина на човек кој виси надвор пред нивниот дом.

Оие кои се плашат од вакво нешто, може да имаат непропсиена ноќ откако ќе ја видат оваа фотографија.
Но, не плашете се. Не е онака како што изгледа.
Оваа фотографија е направена на Филипините, но лилјакот со големина на човек кој виси наопаку од покривот е всушност трик на камерата.
Иако летечките цицачи можат да имаат распон на крилата до 165 сантиметри, малку над просечната висина на жените во Англија, лилјаците растат само на висина од околу една нога.

Лилјакот кој има распон на крилја помал од оној на врапчињата со сигурност не може да порасне во големина на човек.
Меѓутоа, фотографијата направена од одредена перспектива изгледа како лилјакот да е огромен, поголем отколку што навистина е – како и во овој пример.

Луѓето беа бесни на Твтер корисникот @AlexJoestar622 кој ја сподели оваа фотографија и напиша: „Се сеќавате кога ви кажав на сите дека на Филипини имаат лилјаци со човечка големина? „Да, ова беше она за што зборував“.
Објавата е лајкувана повеќе од 260.000 пати и привлече илјадници коментари.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин