Луѓето ЗГРОЗЕНИ: Маж фотографиран додека јадел сирово пилешко

Маж ги згрози луѓето откако бил фотографиран како јаде живо пилешко месо на прометниот Вестфилд.
Вознемирен купувач го забележал човекот како јаде месо директно од пакувањето во супермаркет во трговскиот центар во Марион, на југот на Аделаида.
Токму тој го фотографирал човекот кој го јадел сировото месо.
Бос и облечен во летна гардероба човекот го отворил пакувањето и почнал да го јаде месото.
Фотографијата била споделена на Редит од каде за многу брзо време станала вирална и на другите социјални мрежи.

Еден од коментарите под фотографијата гласи:
„Може ли некој да провери дали овој човек е сè уште жив?“
„Дали е тоа сирово пилешко? Ве молам кажете ми дека фотографијата е монтирана и се работи за свиткани парчиња шунка или слично“, напиша друго лице.
„Човекот сигурно нема време за губење за да се облече и да си ја зготви храната“, напиша трет.
„Од овде можам да намрисам салмонела“, гласи уште еден коментар.
