Лила има само една љубов во животот, а сега откри и за кого се работи – фотографијата е хит, но коментарот ги шокираше сите!
Една од најдобрите и најубави водителки во Македонија откри кој е нејзината љубов.
Жена која знае што сака и ужива во животот долги години е во квизот „Се или нешто“ на Сител.
Лила Филиповска важи за жена која е полна со самодоверба, но и ретко зборува за њубовта, па затоа оваа објава ги изненади нејзините фанови.
Имено Лила објави фотографија со својот син Филип, а по фотографијата напиша“ една љубов“.
Инаку, во коментарите на фотографијата една госпоѓа во години ги шокираше сите. Имено, таа и напиша погрдни зборови, но фановите на Лила не и останаа должни, па жестоко распалија по неа во одбрана на Лила.
Одлична мајка и топ инфлуенсерка
Иако е доста активна на социјалните мрежи, Лила својот љубовен живот го крие далеку од очите на јавноста.
Дека таа има силна врска со својот син покажа и за неговиот роденден со емотивна порака на Инстаграм.
„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка,моја десна рака, мој свет, мое сè … најсреќен роденден … те сакам“, напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.
Инаку, Филиповска неодамна се врати од летување во Турција, а сега деновите ги поминува во Охрид од каде и порача дека најмногу од се’ сака да е покрај вода.
„Само оставете ме покрај вода, друго ништо не барам“, напиша Лила.
Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.
Лила краток период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песните: „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“.
Освен што одлично се снаоѓа како водителка Лила се врати на својата прва љубов, а тоа е пеењето.
Таа сними песна и спот со Филип Пешевски „Тешко мене без тебе“, а песната стана хит.
Речиси една деценија, Лила е препознатлива по квиз-шоуто „Се или нешто“, кој се емитува секој ден на телевизија Сител, а гледачите секојдневно уживаат гледајќи ја на малите екрани.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска