CelebrityНовости

Ликовите за кои мислевме дека се мртви повторно се појавуваат во новата сезона на „Игра на престолот“

Advertisement

Откриено е кои ликови ќе се појават во последната сезона во серијата „Игра на престолот.”, иако мислевме дека од нив сме се простиле!

Advertisement

Протече во јавност листата на актери кои ќе се појават во осмата сезона. Има ликови за кои мислевме дека се мртви и “заборавени” затоа што не ги видовме цела предходна сезона!

Едмур Тали (Тобиас Менцис) и Робин Ерин (Лино Фачили) се враќаат, кои последен пат ги видовме во првата епизода од седмата сезона, односно на крајот од шестата сезона!

На листата се вклучени Ричард Дормер и Кристофер Хјуј, чија судбина остана неизвесна по финалето од седмата сезона. Последниот пат нивните ликови како Берик Дондерион и Тормунда Џинубица  ги видовме во финалето, кога ноќниот крал тргна кон Ѕидот, а тие скокнаа во снежната провалија.

Advertisement

Порталот Watchers on the Wall издаде листа на актери кои нема да гледаме барем во првата епизода – Кралот на ноќта (Владимир Фурдик) и Хари Стракленд, командант на Златниот владејач (Марк Рисман).

И се уште никој не го спомнува Господарот на каменото срце, но ние не губиме надеж до 14-ти април.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button