Кумановецот што освои 100.000 евра во „Големиот брат“ влегува во ПОЛИТИКАТА – беше и во „Задруга“, но не и во ова „шоу“
Победникот на „Големиот брат“ и учесник во „Задруга“ во сосема поинакво светло.
Кумановецот кој го гледавме во напознатите реални шоуа влегува во политиката.
На Инстаграм сподели фотографија од изборната плаката во едно сосема поинакво светло во кое не сме навикнати да го гледаме.
Тој се кандидира за член на Советот на Општина Куманово на независната листа, чиј носител е Ивана Ѓорѓиевска.
Инаку Дарко е спортист и манекен кој долги години е модел и инфлуенсер.
Започнал да тренира гимнастика на 6-годишна возраст, со 9 години ракомет, а подоцна по неколку години кошарка. Играше за второлигашки клубови, по што се врати во атлетиката. Тој е шампион на Македонија во трискок за 2014 година.
Во 2015 година учествуваше во реалното ријалити шоу „Големиот брат“при што ја освои првата награда, односно 100.000 евра.
Во Куманово имаше своја кошаркарска школа „Ball for life“, а сега е спортски директор на кошаркарскиот клуб Куманово.
Во 2015 година учествуваше во реалното шоу „Големиот брат“ каде ја освои првата награда. Тој беше во двегодишна врска со струмичката модна блогерка Љупка Митрова, со која раскина во 2019 година. Парот беше познат по секојдневно објавување заеднички слики, интимни, љубовни, секакви.
Дарко е препознатлив и по стилот на облекување, а во една прилика призна дека сака да носи и брена гардероба.
-Со начинот на облекување праќаме невербални пораки кон нашата околина. Луѓето кои носат упадливо неумерена боја на гардероба, со тоа као да викаат, „приметете ме“ освен што така ја откриваат желбата да бидат запазени случајно откриваат за кој клуб навиваат хахах се шегувам. Од друга страна оние неколку кои се беспрекорно облечени, закопчени, исклучитено уредни, се добро организирани, дисциплинирани, принципиелни и крути личности. Све ова паѓа во вода кога мојата девојка ќе ми подари флуросцентно зелен дукс од мојот омилен бренд па го убивам од носење затоа што ми е од неа. Да поентирам, стилски се дефинирам, во тренерки тренирам, во костум доминирам-рече Дарко за „Машки магазин“.
Фото: Инстаграм/ Дарко Петковски- Спејко
Фото: Инстаграм/ Дарко Петковски- Спејко
Фото: Инстаграм/ Дарко Петковски- Спејко
Фото: Инстаграм/ Дарко Петковски- Спејко
Фото: Инстаграм/ Дарко Петковски- Спејко
Фото: Инстаграм/ Дарко Петковски- Спејко
Фото: Инстаграм/ Дарко Петковски- Спејко
Фото: Инстаграм/ Дарко Петковски- Спејко