Реклама
LIFESTYLEВирално

Креативно момче: Еден месец тајно ја запросуваше, а таа воопшто не ни го забележуваше

Реклама

Едно многу креативно момче тајно ја „запросуваше својата девојка скоро цел месец“, пред конечно да ја праша.

Еди Окоро (30) од Херфордшир, Англија, купил дијамантски прстен претходно, но реши дека немада брза за предлогот за брак на својата девојка Кали Рид (28).

Додека го чекаше вистинскиот момент, тој реши да го искористи секој момент кога неговата девојка ќе биде свртена со грб или ќе спие да го извади прстенот и да буквално пред нејзините очи,  да се фотографира со него, додека таа за оваа идеја немаше поим.

Маркетинг

– Оние што поминале низ овакво нешто, знаат дека тоа треба да се направи на автентичен начин, рече Еди. Некои планираат своите девојки да ги запросат на романтични патувања, други на некои вечери, но мојата девојка знае дека никогаш не планирам ништо. Претежно реагирам спонтано и импровизирам – додава креативниот дечко.

Еди знаеше дека девојкато веднаш ќе го „сфати“ ако не излезе со нарачан план. Поради ова, тој го носеше прстенот насекаде и чекаше да дојде најдобриот момент, и дека ќе биде во неговиот спонтан стил. „После скоро еден месец чекање, седнав на троседот и го видов прстенот, а Кали скоро ме фати како гледам во него. Тогаш ме зори. Па решив да ги документирам тие моменти на чекање “, вели Еди.
Така, тој започна да ги фотографира тие моменти. Потоа го стави прстенот на раката додека спиеше. Идејата беше да се фотографираат што е можно повеќе моменти додека не дојде вистинскиот момент, или додека девојчето не сфати еднаш што се случува.

Маркетинг

Тој ја играше играта четири недели додека не дојде конечно вистинскиот момент. Еди допрва треба да открие како на крајот и предложил на девојката брак, бидејќи среќната вест тие ја објавија на Фејсбук оваа недела. Тој само открил дека Кели се согласила и дека не бил фатен пред време.

Двојката објави фотографија на која Кали носи прекрасен дијамантски прстен на левата рака, а приказната на Еди стана вирална. Неговите обожаватели едвај чекаат да откријат како Еди ја запроси својата девојка.

Фото: Фејсбук/ Еди

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button