„Кралице моја најубава“ – Убавината во семејството на шармантната водителката е наследна, Елена покажа на кого личи
Убавата и насмеана водителка која секој дена ја гледаме на утринската емисија на „Сител“ го честиташе роденденот на нејзината мајка и покажа од кого ја наследила својата убавина.
Шармантната водителката Елена Стојановска со ангелска насмевка своето семејство не го експонира во јавност, но овојпат направи исклучок па сподели фотографија од нејзината мајка и напиша емотивна порака.
„Кралице моја најубава, среќен роденден. Фала за сè, од гени до безусловна љубов. Мама“, напиша таа покрај фотографијата.
Иако е активна на социјалните мрежи, таа ретко споделува детали од приватниот живот, но за вакви пригоди секако дека вреди да се направи исклучок.
Сличен исклучок Елена направи и за роденденот за својата преубава сестра и со емотивни зборови и го честиташе роденденот на нејзината сестра Катерина.
– Денес точно во 17.25, пред многу години на свет дојде Катерина. Беше слатко бебе и моја омилена играчка, навечер кога ми беше страв ме примаше да спијам во нејзиниот кревет, имам лузна на коленото кога ме погоди со лажица. Ми кажува најтајни тајни, секогаш е најпаметна и мора да е по нејзино! Би патувала со неа и на крај на светот, нема полуда тетка за Илина и мојот свет без неа, ќе беше празно место. Среќен роденден!, напиша Елена.
Малку е да се каже дека жените во ова семејство изгледаат божествено, гените добро си ја завршиле својата работа.
Водителката е во повеќегодишен брак со сопругот Огнен со кој има ќерка Илина.
Во едно интервју за „Гламур магазин“ таа зборуваше и за нејзиниот однос со ќерката Илина со која се труди да биде другарски.
„Се опуштам со мојата Илина. Таа расте толку брзо и со неа се смеам вистински и од срце. Таа ми е ќерка, но во исто време си градиме и многу интересен другарски однос.
Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата. Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка“, кажа Елена.
Водителката вели дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.
„Успешно реализирана емисија е дел од професионалната радост и задоволство. Но, приватно среќна ме прави моето семејство што мислам дека е идентично за сите нас. Многу сакам дружби со другарките и јас не кријам дека другарствата многу ги негувам. Конечно, голема среќа за мене е и кога патувам некаде, тоа ни е заедничка страст со мојата љубов“, вели водителката.