Кој би кажал дека е во шестиот месец? Бремената Пријовиќ никогаш не изгледала поубаво!
Пејачката Александра Пријовиќ е во блажена состојба
Пејачката Александра Пријовиќ се појави на концертот на својот кум и колега Аца Пејовиќ иако е во блажена состојба. Таа одлучи и да настапи и со својата појава ја разубави сцената.
Немаме многу прилики во последно време да ја гледаме Александра на фотографии, но за оваа специјална пригода пред своите обожаватели на Инстаграм покажа како изгледаше на концертот на Аца.
https://www.instagram.com/p/BqhdDwPH-05/
Убавата Александра заблеска во долг, широк и асиметричен фустан со светки, а поради кројот нејзиниот труднички стомак не се забележува многу. Евидентно е дека Александра блеска, а со својата харизма и убавина ги засени сите присутни на концертот на нејзиниот кум.
Изгледа дека бременоста навистина ги разубавува жените и им го дава тој посебен и неодолив сјај.