Конечно насмеана по смртта на нејзиниот сопруг: Разголената Селин не ги тргаше рацете од 16 години помладиот танчар
Дали таа пронашла помлад или не, верните фанови од срце и посакуват се, само да не биде осамена.
Селион Дион веќе подолго време ја бие глас дека повторно пронашла љубов во рацете на 15 години помладиот танчер Пепе Муњоз, иако тие ги демантираа гласините. Меѓутоа, кога двојката неодамна се појави заедно на една модна ревија не можеа да ги скријат страстите. Гласините одново почнаа да се шират, а тие повеќе не тврдат дека се само пријатели.
На модната недела во Париз многумина ги забележаа како се допираат. Танчерот на пејачката и помогна да го намести деколтето, на што таа воопшто не реагираше.
Селин долго време беше во брак со значајно постариот Рене Анжели. Нивната љубов не беше трубулентна, основаа заедно семејство, а неговата смрт ја многу ја погоди пејачката.Покрај сопругот, таа во последните три години претрпе трагедија и поради смртта на својот брат, па драстично ослабна, а наводно беше и во тешка депресија.
https://www.instagram.com/p/Bs_QIEyA_iK/
Претходно се шушкаше дека е во тајна врска со Расел Кроу (54), но ова на крај се покажаа како невистина. А времето ќе покаже и дали причината за нејзината среќа е помладото момче или станува збор само за добар пријател, нешто што никој се уште со сигурност не може да го каже.