Конечно е откриено што има на дното на сината дупка, една од најголемите мистерии на океанот
Ќе се разочарате од она што го нашле таму
Големата сина дупка во близина на Белизе според многумина е најголема мистерија на океанот. На многумина им беше сон да откријат што лежи на дното, а сега тоа успеа да го направи една група истражувачи на кои минатата година им се придружи и милијардерот Ричард Бренсон.
Голема сина дупка е многу привлечна за нуркачите, но нејзиното дно досега остана неистражено, пишува inews. Бренсон беше придружуван од подводниот конзерватор Фабиен Кусто, внукот на легендарниот Жак Кусто.
https://www.instagram.com/p/Bq9y0nWhPtC/?utm_source=ig_embed
Но за жал она што тие го откриле е поприлично депресивно. „За жал, на дното видовме пластични шишиња, што е вистинска казна за океанот”, напиша на својот блог Бренсон. Тој успеа да се спушти со подморницата до дното заедно со океанографот Фабиен Кусто, а нивната експедиција беше прикажана на каналот Дискавери.
https://www.instagram.com/p/Bq49Q9rhxwC/
На околу 90 метри длабочина, тие наидоа на сталактити кои изворно се формираат на суво копно. „Ова е само уште еден доказ дека океаните можат многу брзо и катастрофално да растат. Нивото на морето некогаш било стотина метри пониско”, вели Бренсон.
https://www.instagram.com/p/BsXtLQvBCkL/
„Тоа беше еден од најсилните потсетници за опасностите од климатските промени што некогаш сум ги видел”, вели тој. Покрај шишињата, на дното пронајдоа и остатоците од ракови и други суштества кои потонале на дното, останале без кислород и починале. „Моите внуци ќе бидат во триесеттите години од животот до 2050 година. Не сакам да растат во свет без корали и другите чуда на океанот”, заклучи Бренсон.