Жена која знае како да избере моден додаток
Ако подобро ги погледнете последните неколку комбинации што нашата позната водителка ги објавува постојано на социјалните мрежи ќе забележите дека во последно време не се одвојува од нејзината омилена чанта. Во прашање е чанта од Луј Витон, бренд кој важи за еден од омилените на многу познати трендсетерки од целиот свет. И тоа е и потполно разбирливо бидејќи ако скокнете во нивната онлајн продавница ќе видите дека чантите од оваа престижна модна куќа се движат во просек од 2000 до 3000 долари, додека најевтините модели – околу 1000 долари. Моделот што го носи Лила важи за еден од најпродаваните, а атрактивната водителка деновиве го „фураше“ во комбинација со скинати фармерки, високи потпетици во беж нијанса и џемпер во тренди жолта боја.
https://www.instagram.com/p/BfTtXvfAvyJ/?taken-by=lilafilipovska
Па дали ви се допаѓа Лила во ова издание?
Во продолжение погледнете неколку слични чанти од овој бренд …