Колку е храбра: Девојче вели „тато, добро сум“ откако беше извлечено од урнатините на шесткатница после земјотресот во Турција

Потресниот момент кога храбро 5-годишно девојче му кажува на својот татко дека се чуствува добро, откако претходно било заробено под урнатините од земјотресот во Турција, бил снимен со камера.
Малата Ајше Кубра Гунеш не можела да се движи откако шесткатницата во која живеела се урнала во центарот на областа Пазарџик во Кахраманмарас.
Ајше, нејзиниот брат и нејзините родители биле затрупани под урнатините по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што вчера во раните утрински часови ги погоди Турција и Сирија.

Остатокот од нејзиното семејство бил спасен релативно брзо, но до Ајше било потешко да се стигне и таа била заробена околу седум часа.
На емотивното видео кое се шири на социјалните мрежи се гледа како малото девојче тивко липа додека спасувачите се обидуваат да најдат начин да ја ослободат од зградата.

Ајште покажала неверојатна храброст, па додека нејзиниот татко ѝ зборувал, таа успеала да му каже „добро сум овде“ и „добро сум тато“.
Второто видео објавено на социјалните мрежи го прикажува моментот на спасувањето. Ајше била извадена од зградата, а додека екипата за спасување ја носи на носилка, таа ја ржи раката на својот татко.

Уште еден земјотрес ја потресе Турција рано изутринава, откако во вчерашното разурнување уште два земјотреса ја погодија земјата, при што загинаа повеќе од 5.000 луѓе.
Денешниот земјотрес беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран на длабочина од 1,2 милји во централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Три од најпогодените области се Кахраманмарас – каде што беше спасена Ајше.
Зимската бура што предизвика ниски температури и ги попречи оние кои очајно работат да ги ослободат луѓето од урнатините на уништените згради.
СЗО предупреди дека вкупниот биланс може да достигне 20.000 и дека би можеле да бидат погодени 23 милиони луѓе.

Американскиот геолошки институт соопшти дека првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала се случил во 4:17 часот наутро (0117 по Гринич) на длабочина од околу 11 милји.
Првиот земјотрес беше толку силен што беше почувствуван дури до Гренланд и беше проследен со серија од повеќе од 200 последователни потреси, вклучително и потрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала што се случи среде работата за пребарување и спасување во понеделникот.

Земјотресот, кој беше проследен со последователни потреси, беше најголемиот регистриран во светот од страна на Американскиот геолошки институт по оној во оддалечениот Јужен Атлантик во август 2021 година.
Тоа е најсмртоносниот земјотрес во Турција после оној во 1999 година кога загинаа повеќе од 17.000.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин