Колегите понекогаш се остри кон неа, но таа со нејзиното образовани им се смее во лице – естрадните ѕвезди треба да и симнуваат капа!
Никој колку неа не е толку образован музички.
Пејачката Виолета Вики Милјковиќ (45) својот прв музички албум го сними во далечната 1992 година и од тогаш постојано е на сцената.
Бројни пејачи не можат да се пофалат со музичко образование, иако се одлични во својата работа во која се занимаваат, но Вики и тоа како може.
Пејачката во родниот Ниш се запишала во основното училиште „Маршал Тито“, а потоа заврпила средно музичко образование „Др. Војислав Вучковиќ“. Меѓутоа, малку знаат дека Вики и факлтетски е образована.
Откако завршила средно музичко училиште, Вики се запишала на Музичката академија во Приштина, каде и дипломирала.
Студирала на теоретскиот смер и станала професорка по музика. Музиката дефинитивно и го одбележа нејзиниот живот од раното детство, а благодарение на неа во 1994 година се запозна со својот сопруг Драган Ташковиќ Ташка.
Се венчале на 31.мај 2007 година во црквата Васил Острошки во Белград.
Кума на Вики е пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ. На веселбата присуствувале околу 100 гости.
Во октомври истата година го добиле синот Андреј.
Таа денеска исто така е дел од најголемото музичко шоу Ѕвездите на Гранд кои со години се емитува на Балканот.
Вики таму е дел од жирито која од сите таа има најиздржани критики кога станува збор за музиката и за наптреварувачите.
Дознајте како се заљубила Вики во нејзиниот сопруг Драган
Вики во едно дамнешно интервју откри како настанала љубовта меѓу неа и Драган.
Дури открива дека нејзините родители и не биле нешто воодушевени од нејзиниот избраник, но сите тие пречки успеале да ги преживеаат и пребродат.
Се запознале преку заеднички пријатели, а прв пат се бакнале на 18. март 1994 година.
Родителите на пејачката кога дознале дека е во врска со три години постар маж инсистрирале да ја прекине врската и да нема никаков контакт со него.
Пејачката во една прилика како е тоа изгледало пред 26 години.
– Потекнувам од строго семејство кое ниако е сакаше да ја продолжам врската со Ташко, иако бевме млади, тој имаше 22, а јас неполни 19, одлучивме да се бориме, раскажала пејачката и додала дека неколку месеци траеела тензија во семејниот дом а нејзината љубовна врска.
– Морам да кажам дека хосот траеше долго, но опстанавме само блгодарение на љубовта.
По долго време се поправија односите меѓу нашите семејства, откри Виолета.