Кога ќе ги видат заедно сите мислат дека се сестри – мајката на поранешната македонска водителка изгледа неверојатно
Со години ја гледавме како водителка во популарната емисија „Бекстејџ“, но веќе некое време се занимава со инфлуенсерство и се чини дека одлично и оди.
Овојпат Миа имаше убава причина за славење, односно славеше роденден на нејзината мајка.
По тој повод Миа со емотивна и интересна честитка и честиташе јубилеен роденден а нејзината мајка.
– Среќен јубилеен мајко моја. Посакувам да си тука барем уште толку. Те сакам“.
Таа сподели и фотографија од Оливера насмеана со чаша вино во рацете, додека ги дува роденденските свеќички па напиша уште една порака:
-Среќен 40ти мамо. И плус 20 од карти. Да си ми жива и здрава и вака насмеана секогаш. Ти што ќе родиш, тоа е. Те сака првото чедо, напиша таа.
Уште еднаш покажа дека гените се чудо, а дека крушата под круша паѓа, доказ се Миа и нејзината мајка.
Нејзината мајка која сè уште изгледа неверојатно, е поранешна балерина која специјализирала во една од најпрестижните балетски школи во светот Ваганова, во Санкт Петербург, во Русија. Таа на својот профил на социјалните мрежи често позира во костими за капење, па можеме да видиме дека сè уште е во топ форма, така што никогаш не би претпоставиле дека наскоро ќе заплови во седмата деценија од животот.
Оливера изгледа неверојатно, па не е ни чудо што Миа често знае да сподели по некоја нејзината фотографија.
Така беше и минатата година кога Миа и го честиташе роденденот.
„Сите имаат мајка, ја имам 59 годишна риба и сум и прва љубов. Чисто информативно, дупла шкорпија со месечина лав. Халоувин квин. Сликава е нова, од стомаков изглегов пред 36 години. Среќен мајка! Љуби те Миа#, напиша таа во роденденската честитка.
Таа е сè уште многу активна и сè уште може да ја видите по скопските улици на мотор, па многумина не и веруваат на Миа дека оваа дама е мајка и баба.