Кога му кажа на сопругот дека нејзината мајка починала тој и откри тајна што ја чувал со години
Ники Пенингтон страда од анксиозност или состојба која се манифестира како некое внатрешно чувство на вознемиреност и паника.
Лицето кое целиот нејзин живот и даваше поддршка и ја охрабруваше во овие ситуации неодамна почина, а нејзиниот сопруг откри тајна што долго време ја чувал за себе. Ники ја сподели својата приказна на Интернет.
Немирот е дел од мојот живот, откако знам за себе. Ако имате анксиозност, тогаш знаете колку e важно да имате еден човек кој знае како да ви помогне во тешките ситуации. За мене, тоа лице е мојата мајка. Таа секогаш знаеше што да ми каже. Нејзините зборови беа секогаш посилна од мојата анксиозност. Но, неодамна сето ова се промени.
Неколку недели откако мојот сопруг и јас се земавме , почнав да се чувствувам лошо, па му реков дека треба веднаш да се јавам на мајка ми. Тој за миг застана и рече: „Зошто не зборуваш со мене за тоа? Пробај.”
Се обидов, му дадов шанса да го смирам нападот на паника. Одеднаш се чувствував како да разговарам со мајка ми, личноста која секогаш ми помагаше во овие ситуации. Почнав поретко да ја барам кога имав вакви напади на паника.
На денот кога мајка ми умре, го побарав сопругот и му реков: „Мојот човек го нема. Оној кој ме сакаше со сите мои недостатоци. Единствениот човек кој можеше да ги смири моите стравови. Си замина”.
Потоа почна да разговара со мене за мајка ми. Приказната за која никогаш не знаев, бидејќи не сакаше да знам за неа. Тој ми кажа дека на денот на нашата венчавка таа му дала лист на кој било напишано „Како е да се биде личноста на Ники”. Ова беа упатства во кои беше напишано што да кажам кога ќе почне да ме мачи вознемиреноста.
“Чекор 1: Само слушајте ја
Чекор 2: Слушајте малку повеќе
Чекор 3: Не се обидувајте да го решите нејзиниот проблем
Чекор 4: Кажи и дека ја разбираш
Чекор 5: Само слушајте додека не се смири. Таа се уште не знае, но таа е она која секогаш сама се смирува. ”
Мајка ми престана да биде моја „личност” не затоа што така сакаше, туку затоа што мојот сопруг сакаше да научи како да се однесува со мене кога нејзе ќе ја нема.
Мамо, ти ќе бидеш мојата „личност” засекогаш!