Катерина и Трајче од „Соната“ по 18 г. врска стапија во брак – овој момент ги изненади сите
Катерина Брезева и Трајче Бондиков од фолк групата „Соната“ по 18 години врска стапија во брак.
Катерина Брезева овој викенд го изговори своето судбоносно „Да“ и се омажи за својот колега од бендот Трајче Бондиков.
Пејачката и нејзиниот партнер и колега од фолк-бендот „Соната“, се венчаа овој викенд, а радосната вест ја споделија преку социјалните мрежи. Тие се заедно повеќе од 18 години, но во брачните води решија да запловат дури сега, иако долго време живеат заедно.
Катерина и Трајче со години заедно им ги развеселувале свадбите на многу парови досега, но сега, бидејќи Катерина е во блажена состојба, решија и официјално да ја крунисаат својата љубов во осми месец од бременоста.
Таа во интервју за Фокус откри дека носи девојче и дека полека се подготвуваат за новата улога во нивните животи.
Но она што на многумина им влезе во очите е убавиот „мал невестински“ фустан што го носеше трудната невеста, па во коментарите покрај честитките можат да се прочитаат и бројни пофалби на сметка на нејзиниот изглед.