Сите го коментираа овој детаљ
Познатата пејачка на нејзиниот профил на социјалните мрежи се пофали со идилични фотографии со семејството, иако веќе некое време се шпекулира дека се разведува од својот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ.
Јелена Карлеуша на Инстаграм објави фотографии од еден ресторан, каде уживаше со Душко Тошиќ и ќерките Ника и Атина.
Карлеуша на овој начин се обиде да им даде до знаење на сите дека во нејзиниот брак се функционира совршено.
Но обожавателите забележаа и еден необичен детаљ – Јелена и Душко на ниту една фотографија не се еден до друг, туку одвоено се сликаат со ќерките. Некои забележаа и дека изразот на лицето на Душко не е баш најсреќен, но можеби тоа му е затоа што не сака да се слика како Јелена.
По ова Карлеуша објави и неколку фотографии на кои позираше во ретро костим за капење. Таа направи и бикини поза со која го оцрта секое мускулче на нејзиното тело, а обожавателите ја наградија со бројни позитивни коментари под секоја од фотографиите.