Карлеуша прозборе за односот со Душко и разводот: „Не можам повеќе да се борам со тоа“
Јелена Карлеуша беше гостинка во емисијата „456 секунди со Саша Видиќ“ каде зборуваше отворено за својот живот.
Тие разговараа на различни теми, но и за некои работи за кои досега малку се знаеше во јавноста.
Но во еден момент пред Карлеуша со најде фотографија на која е нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, а бидејќи веќе некое време низ медиумите кружат приказни дека познатата пејачка наводно се разведува од фудбалерот, водителот ја запраша кој и е овој фраер, на што таа одговори:
„Е тоа е едно големо прашање. Можеби ќе ја тргне оваа капа на следната слика. Душко, убав е. Се уште ми е сопруг. Медиумите кажаа дека веќе сме разведени. Дури ни го поделија и имотот, ни доделија алиментација за децата.., Но јас повеќе не можам да се борам со тоа“, призна отворено пејачката која се најде во центарот на вниманието откако во јавноста се најдоа нејзини „пикантни“ фотографии кои наводно му ги испраќала на Огењен Врањеш.