Карлеуша остави коментар под фотографија на Луна – ОВА никој не го очекуваше од неа
Не можеше да не и остави коментар
Победничката на „Задруга 2“ неодамна заплови и во музичките води. Но тоа очигледно не им се допадна на многу јавни личности, па следуваа бројни критики на сметка на новопечената пејачка.
Но за разлика од нив, под дивата Јелена Карлеуша реши да ја поддржи младата Луна и тоа изненади многумина. Имено, таа остави коментар со поддршка под една фотографија од настап што Луна ја објави на својот профил на Инстаграм.
„Браво за мама и нејзината ќерка“, напиша ЈК и додаде едно срценце, а на тоа Анабела Атијас и одговори:
„Ти благодарам, Јецо, до небото!“
Интересно е тоа што Јелена беше категорично против ријалити учесниците, особено против оние што ќе одлучат да градат кариера по излегувањето од ваквите шоуа, иако за Луна секогаш имаше само пофални зборови. А тоа и таа самата го потврди во една пригода.
„Од мојот презир кон ријалити шоута би ја издвоил онаа малечка Луна. Зошто? Па затоа што ми се може и затоа што е жртва на местенка. Малата е наместена да преживее таков линч што немам зборови“ напиша Карлеуша своевремено за Луна Џогани на својот Твитер профил.