Каков малер – Тамара Тодевска пред само два дена се почести со нов АВТОМОБИЛ, па и се случи ГОЛЕМА непријатност!
Само што се пофали со новата „другарка“ ја снајде малер.
Популарната пејачка Тамара Тодевска пред само два дена се пофали со нов автомобил, а сега револтирана се огласи на Инстаграм па покажа што ја снашло.
Имено таа објави фотографија на која се гледа дека нејзиниот автомобил е удрен од возачката страна, но како што наведува Тамара возачот побегнал.
„Се моли девојчето што вчера ме удри на „Рузвелтова“, мојата кола стара цели 2 дена, уредно се извини, избега, да се јави/пише/остави број, зошто ѝ ги знам таблиците и ќе одам утре во полиција“„– напиша Тодевска во објавата.
Имено, станува збор за „малечок“ градски автомобил од марката „Нисан“. За ова задоволство, познатата пејачка издвоила околу 16.000 евра.
Инаку Тамара во последни време е често ангажирана со настапи и изгледа поубаво од кога било.
Има соодветен режим на исхрана и редовно оди во теретана, па резултатите се очигледни.
Пред само неколку дена таа го отвори новогодишниот базар пред „Сити мол“ а пејачката блескаше во буквална смисла на зборот.
Освен што одлично изгледа, таа избра и празнична комбинација, односно сребрено палто и кратко здолниште во иста светкава нијанса.
Сепак она што многумина воодушеви беше моментот кога Тамара ги качи своите деца Дарен и Хана на бината, а тие очигледно уживаа додека мама Тамара пееше.
Од ден на ден покажува дека е вистински професионалец во она што го работи и дека изгледа подобро од кога било.
‘