Како да е излезена од модно списание – македонската Анџелина Џоли во најпpoвокативното издание што сме ја виделе досега
„Гори интернетот“
Поранешната манекенка Александра Накова не престанува да провоцира, а кога се работи за неа таа секогаш има што да покаже.
Убавата Александра или како што многумина ја нарекуваат македонската Анџелина Џоли има и тело и лице како од списание, па затоа ниту една нејзина објава не поминува незабележана.
Александра ги користи последните денови на летото за да ги помине на плажа, а сега објави нова фотографија на која никој не остана рамнодушен.
Црно-бела фотографија на која Александра позира без горен дел на костим за капење изгледа како таа да е излезена од списание.
Не само кога е разголена, туку и кога е закопчана до грло таа сепак изгледа неодоливо.
Инаку, манекенката Александра Накова се прослави со нејзиното учество во „Танц со ѕвездите“ и „Преживеан“, а потоа долго време ја немаше во јавноста. Но тоа беше од оправдани причини бидејќи во меѓувреме ја роди ќеркичката Леа, а потоа следуваше и тежок период во нејзиниот живот бидејќи се разведе од сопругот и таткото на нејзиното дете, кошаркарот Никола Гајдаџиев. Сепак, манекенката успеа да ги преброди проблемите и во текот на 2017 година повторно почна да се појавува во медиумите, но и се почесто да објавува „пикантни“ фотографии на социјалните мрежи.
Со секоја нејзина фотографија што ќе ја објави на социјалните мрежи покажува дека знае да ужива во животот, а уживаат и нејзините следбеници.