Испливаа фотографии од младоста на нашата позната водителка – ПОГЛЕДНЕТЕ го и момчето што ужива со неа за сите пари!
Нема човек кој не би посакал да има ваква мајка.
Секогаш модерна, шармантна и насмеана Лила Филиповска важи за една од најубавите водителки во земјава.
Долги години е на квизот“ се или нешто“ и заедно со натпреварувачите мака мачи да му го земат милионот на банкарот.
Иако е доста активна на социјалните мрежи, Лила својот љубовен живот го крие далеку од очите на јавноста, но повеќе пати нагласи дека има само еден маж во нејзиниот живот кој е нејзина единствена љубов.
Секако се работи за нејзиниот син Филип кој наполни 27 години, а гордата мама Лила на инстаграм сподели неколку фотографии од Филип додека бил мал, а напиша и емотивна порака.
„Еден живот една љубов … син, другар, поддршка, заштитник веќе 27 години … ете затоа сум толку силна. Најсреќен роденден Филипе мој да си здрав, жив и најсреќен … и уште долго да ме чуваш, браниш, пазиш и мазиш … те сака што би рекол ти мајка ти Лиле Филипова“ напиша таа.
Лила знае како да ужива во животот, а нејзиното уживање често го споделува и на социјалните мрежи.
Нејзиниот стил е секогаш беспрекорен и многу дами се угледуваат на неа.
Освен што одлично се снаоѓа како водителка Лила се врати на својата прва љубов, а тоа е пеењето.
Таа сними песна и спот со Филип Пешевски „Тешко мене без тебе“, а песната стана хит.