Иселениците во Германија ќе почнат масовно да добиваат откази – рестриктивните мерки се тешки, многу фирми пред кoлaпc!
Ваков втор бран никој не го очекуваше
Во Германија многу луѓе работат во подрачја кои сега заради зголемените бројки со заразени од вирусот корона се сметаат за ризични, а живеат во области кои не се означени како такви, пренесуваат германските медиуми.
Поради новите мерки во борбата против корона вирусот Германците ќе почнат масовно да остануваат без работа, Па така оние што живеат во зони кои не се ризични, а работат во оние кои се сметаат за ризични, секојдневно мораат да се тестираат или да бидат во некој вид на карантин. Тоа не може да го поднесат многумина, а од друга страна преставува и големо преоптоварување за голем број фирми, така што стравот дека ќе останат без работа е реален.
Тоа го вели и Дејан Букшиќ за „Нова.рс“, кој работи како економист во една компанија во Берлин и кој тврди дека заради корона вирусот во Германија луѓето масовно остануваат без работа, додавајќи дека и тој не е сигурен дека ќе успее да ја задржи својата позиција доколку потраат мерките.
Берлин е ризично подрачје. Во Германија, инаку една област станува ризична, ако се пријавени повеќе од 50 инфекции на 100.000 жители. За ризичните подрачја во принцип важат мерките карантин, тестирање и многу други мерки, вели тој и додава дека сите се прашуваат што ќе се случува понатаму, посебно откако во изминатиов период неколку општини ги преминале овие бројки.
Властите така заклучија дека воведувањето ризични подрачја на ниво на општини нема смисла во еден град. Никој не може да го контролира движењето на луѓето. Другите покраини воведоа рестриктивни мерки кон Берлин. Тоа значи дека можеш да се движиш низ друга покраина, но не смееш во истата и да преноќиш, вели Вукшиќ.
Мерките го уништија и школскиот распуст
Минатиот недела беше распуст во Берлин, па луѓето не можеа никаде да мрднат, бидејќи не смеат да ноќеваат во други покраини. И бидејќи сите покраини сега воведуваат забрана за ноќевање на луѓето од Берлин, граѓаните се чувствуваат како да се заробени во овој град, вели Вукшиќ.
Многумина се прашуваат дал воопшто ваквиот пристап има некаква смисла, бидејќи многу луѓе патуваат како од, така и во Берлин, службено. На тој начин секако доаѓа до мешање на луѓето и тоа не може да се сопре. Фирмите воведуваат некакви рестрикции. На пример забрануваат да се доаѓа во Берлин или од Берлин да се патува во други краеви од Германија. „Но тоа не е одржливо, бидејќи луѓето мораат да работа, а знаете какви се Германците“, вели тој.
Но како што вели тој, во Берлин се функционира како и порано, само што на сила се новите мерки и градот е обележан како ризичен.
Тој како и многу други Германци смета дека ваквите мерки не се практични и дека нема да дадат резултат. Во градот речиси се’ функционира како и пред статусот „ризично подрачје“. Мерките во главно се почитуваат, а работата на угостителските објекти е до 23 часот. Она што сега се воведува како превенција, е проветрување на просториите.
Тоа е законска обврска во училиштата, теретаните, малите објекти без вентилација. Покрај тоа задолжителна е и социјалната дистанца, како што е тоа случајот и кај нас на пример, а постојано се препорачува и миење раце и носеше на заштитна маска.
Тешки времиња за печалбарите
Голем број Македонци доаѓаат во Германија да работат на црно или на три месеци колку што може без виза да се остане во Германија и останатите држави во рамките на шенгенот. Всушност и во Германија и те како постои работа на црно и добар дел од луѓето што доаѓаат од Балканот работат на црно. Тие во главно работат како негуватели, но не во рамките на институциите, туку во домашни услови, а тука се и градежните работници, помошните работници во угостителството. Не е мал и бројот на оние кои се со бугарски пасоши, но работат на црно и редовно се враќаат во својата татковина.
Соговорникот на Спутник, дописникот на РТС од Германија, Ненад Радичевиќ, смета дека не е загрозен статусот на оние што со години работат во таа земја и имаат дозвола за престој најмалку една година. Тоа се однесува за оние кои не работат незаконски, легално се вработени, така што во оваа ситуација имаат право на социјални бенефиции.
Токму затоа е голем и бројот на оние што присилно се вратија во татковината, откако ги загубија своите работни место заради пандемијата на вирусот корона. Дали повторно ќе има работа за нив во Германија, каде што луѓето обично одат да заработат некој денар за да можат да преживеат, во ситуација кога целиот свет се соочува со затворање на работни места, дури и најразвиената економија во светот, сега за сега, никој не би можел со сигурност да каже.
Се очекуваат големи демографски нарушувања, а државните интервенции секако ќе бидат потребни во функција на демографската ревитализација и целокупниот развој. Со намалување на работата, производството, продажбата и други слични активности во услови на криза кога приходите, добивката и финансиските акумулации не се во рамките на очекуваната, планираната или веќе навикната рамка за управување, секогаш резултира со голем број отпуштања. И ова е нешто што веќе се случува, а таквиот тренд ќе продолжи и во следните неколку години.
Нови правила за Западен Балкан?
Но и покрај тоа што германската економија се наоѓа пред големи предизвици, таа би можела да биде во уште поголеми проблеми доколку остане без работници. Токму затоа и германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер неодамна ја пофали германската имиграциска политика кон Западен Балкан која се покажа функционална во претходните пет години. Тој истовремено го најави и продолжувањето на овој аранжман, кој истекува кон крајот на годинава.
„Постоечките правила за Западен Балкан го издржаа тестот на времето. Во ноември 2015 година договорено е предусловот за влез во германија да биде постоечкиот договор за труд“, вели министерот Зехофер.
Федералните агенции за вработување во Германија оценуваат дека овој систем добро функционира, а злоупотребата е многу мала, пишуваат германските медиуми.
Германија VS Македонија
Во Германија инаку живеат голем број Македонци кои најчесто работат во секторите угостителство, транспорт, медицина и градежништво. Секако дека има и многу ИТ инженери, како и други високо квалификувани работници, но тие во просек се многу помалку отколку во другите дејности.
Според истите податоци најголема заработка минатата година во просек биле во Аутоштад Фолфсбург и изнесувале 5089 евра месечно, а потоа следувале баварските градови Инголштат со 5004 и Ерланген со 4907 евра.
Според градови во Хамбург просечните плати изнесувале 3820 евра, што е за 400 евра повеќе од просекот во Германија генерално. Во споредба со Македонија, таа е речиси 10 пати повисока.
Инаку, сшоред овие податои заработките се уште се значително пониски во окрузите и градовите во Источна Германија во однос на западниот дел.
Извор: Нови.рс, Спутник, Гламур