Ирена им објави војна на хејтерите, распали жестоко и ги шокираше – Ова нема да им се допадне!
Познатата пејачка во последно време е сè поактивна на социјалните мрежи, а сега замоли веќе да не се пишува за неа.
Ирена Спасовска е долго време на музичката естрада и важи за една од најубавите пејачки, а воедно и најбараните на македонската фолк естрада.
Таа неодамна па распали на социјалните мрежи, а сега повторно со нов статус побара помалку да ја следат.
-Порталчиња знам дека будно ме следите, но ве молам малку ставете ме на пауза, како терапија ме давате, секој ден, до два три пати дневно. Едно исто не е интересно веќе, а има и други за кои може да пишувате.
Башка ми ги нервирате хејтерчињата мои, срцки ми се тие, нека не ми се нервираат. Да не им здосадам и на тие кои ме обожаваат. Се надевам дека ова ќе го уважите, а кога ќе има нешто ново тогаш може да се читаме-напиша Ирена.
Ваков статус следеше откако таа со фотографија објави неколку од навредливите коментари кои ги добила.
Најверојатно Ирена имала некаков конфликт па не можеше да издржи и јавно пукна и сподели дел од пораките кои ги добивала.
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 година додека постоеше.
Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација.
Секој од нив тргна по својот пат, но сите тројца се доста успешни и понатаму се дел од музичката сцена.