Новости

Има целулит, егцема и мозолчиња, но не го крие своето тело – објавува необработени фотографии и го воодушеви светот

Advertisement

Карина Ирби не користи филтри на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Advertisement

Наместо тоа, таа важи за бикини модел кој е полн со самодоверба, иако поседува целулит, егцема и мозолчиња.

 

Филтри, обработени фотографии, тенки тела и украсени автопортрети (селфи) се тивкиот стандард на Инстаграм за кој многумина ретко се осмелуваат дури и да зборуваат. Карина Ирби (29) не обрнува внимание на Фотошоп – и без неговата употреба има успех како инфлуенсерка. Има 939.000 придружници на Инстаграм кои најмногу ја сакаат нејзината искреност, како и нејзините не така совршени „кривини“.

Advertisement

Оваа жена од Австралија е успешен модел за костими за капење, а стана популарна дури откако доби десет килограми.

Кога била тинејџерка и почнала да фотографира на Инстаграм, опсесивно ги пресметувала калориите и постојано вежбала.

„Јас бев опасно слаба и имунитет ми страдаше затоа што не се хранев правилно и работев премногу кардио вежба”, истакна таа под една нејзина фоторафија.

Кога се реализираше како инфлуенсерка, таа имаше облини, но на мускулите додаде и масно ткиво. „Отпрвин ми беше тешко, но тогаш забележав колку со моето тело се променив и јас како личност “, раскажува таа за своето „ново“ тело. На своите фотографии не се срами од целулит, мозолчиња, ниту од псоријазата и се бори да се прифатите себе си како што е. „Ако некој пред десет години ми кажеше дека ќе зборувам толку отворено за кората од портокал и за моите проблеми со кожата, немаше да му верувам”, вели таа.

https://www.instagram.com/p/BprFNaeBb3E/

https://www.instagram.com/p/BpwN-VqBmfp/

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button