Им ја исполни најголемата желба на неколку дечиња- погледнете што направи првата дама
Првата дама на Македонија ја исполни најголемата желба на неколку дечиња.
Речиси о да нема дете во светот кое не сонува да влезе во „волшебниот“ свет каде се прават сите слатки и колачи, да види како се прават и да му бидат на дофат сите.
Со оглед на тоа дека нашата прва дама Елизабета Ѓорѓиевска е голем хуманитарец и ужива кога е опкружена со деца, таа на неколку од нив им ја исполни оваа желба.
-Не постои дете кое не сонува да прошета низ „магична“ фабрика што создава чуда како чоколади, бонбони, наполитанки … Заедно со@AD_Evropa им го остваривме сонот на дваесетина дечиња. Им посакувам да им се остварат и сите новогодишни желби што му ги шепнаа на Дедо Мраз, напиша првата дама на Инстграм.
Првата дама ја поддржа и кампањата против говор на омраза каде се појави во бел костим кој е моден погодок оваа сезона.
Во своето обраќање Елизабета посочи дека единствениот соодветен одговор на омразата кон различноста е почитување на достоинството на различните со што на дело ја блокираме омразата и ја споделуваме љубовта разбрана како грижа за вроденото достоинство на ранливите.
-Верувам дека тоа може да се постигне само со одговорно користење на слободата на говорот. Ниту едно човеково право не е исклучиво, туку е споделено. Правото за едниот е право и за другиот и споделена обврска за сите членови на општеството-рече Ѓоргиевска.
Како што доликува на дама таа со едноставна софистицираност е вистински пример како треба да изгледа жена во секоја пригода.
Инаку Елизабета е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.