Илина не престанува да ниже успеси, но овој пат се надмина себеси – ПОГЛЕДНЕТЕ каде е и што прави сега оваа жена змеј
Секогаш насмеана и со низа успеси зад неа, важи за жена на која може да се угледаат многумина.
Алпинистката Илина Арсова е успешна и упорна па се чини дека не мирува.
Изминатиот период таа не беше во Македонија туку освојуваше нови врвови ви Еквадор.
Илина објави неколку фотографии од последните неколку дена и покажа што правела, па призна дека за првпат побарала малку одмор.
Таа се заблагодари за тоа што биле многу добри со неа.
-Неколку сликички од изминатите пет дена тренинг и качување во Кохитамбо, познато како мека за долги насоки или „мултипич“ со должина до 250 метри и традиционално качување (кога карпата не е оклинчена и самите поставуваме осигурување), напиша Илина.
Таа додаде дека секоја карпа низ светов е различна по составот и конфигурацијата и налага различен пристап и различен стил на качување.
-Ова искуство беше огромно во однос на психолошката издржливост и надминување на стравот.
Во пет дена искачивме вкупно 44 насоки со тежина од V до 6ц+ (кратки, долги и обид за традиционално) … + 9 насоки во сала, првиот ден кога врнеше.
Ме: I think I need a rest day?
А Оси ми вели: зарем и ти знаеш да се умориш? Прв пат те слушам да побараш одмор – напиша Илина на Инстаграм.
Илина се искачи на врвот Ариста Санта Барбара, кој е на 5790 метри. Ова е еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка, а со нејзиниот успех се пофали и нејзиното момче, Игор Џамбазов.
Илина Арсова успеа да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Иако таа ужива да планинари, но сепак призна дека иако е најсреќна кога го прави тоа, колку повеќе патува толку повеќе и фали дома.
Ништо подобар не беше ни Игор Џамбазов кој во неколку наврати кажа дека му недостига Илина.