Илина Арсова во едно од најубавите изданија што сме ја виделе – ПРОЧИТАЈТЕ ја и нејзината моќна порака за жените!
Нашата алпинистка ретко се гледа во вакво издание.
Изгледот на Илина Арсова многупати е топ тема на многу портали, но се чини дека овојпат таа навистина природно ги изненади сите.
Иако сме навикнати да ја гледаме во опуштени изданија или со куп опрема и на некоја планина, овојпат Илина во ново светло покажа поинаква убавина.
Имено Илина ја покажа својата женствена страна, а многумина останаа со подотворена уста кога видоа како изгледа во свечен и елегантен фустан.
Илина се појави на доделување на награди за а спортски подвиг во женски спорт, а зелениот фустан кој го избра за оваа пригода ги истакна сите нејзини атрибути.
Таа како и секогаш беше пресреќна што заедно со многу други жени спортисти може да го слави нивниот успех.
-Како активистка за родова еднаквост во спортот уште од 2012-та година, навистина ми е драго вака отмено да ги прославивме резултатите на нашите спортски хероини, кои го добија своето заслужено сценско светло.
Нашите жени кои испишале спортска историја ги има малку повеќе за да ги собере на една мала сцена, па би сакала да им честитам бидејќи сакале или не и самите се заслужни амбасадорки на спортот, напиша Илина и додаде:
-Не сум голем фан на помпезни настани каде се трошат многу пари на сметка на системските дупки кои се продлабочуваат понатаму, сепак искрено честитам на организаторите, како и на пионерите кои оригинално ја зачнале идејата, на сите номинирани спортистки, добитнички на наградите и на оние кои допрва ќе стапнат на сцената. Пред сè на сопствената сцена на успехот!
Од спортистка за спортистки: делувајте за себе не за другите!-напиша Илина на Инстаграм.
Инаку веќе некое време таа е во љубовна врска со шоумнот Игор Џамбазов кој се гордее со секој нејзин успех и гордо го споделува.