ИЗВЕСТУВАЊЕ: Важи само за оние кои живеат во станбени објекти, еве кога ќе можете да го прошетате вашиот миленик за време на полицискиот час
Владата на Северна Македонија јдонесе нови мерки со цел спречување на ширење на коронавирусот низ земјава.
Покрај ограничувањата за луѓето донесена и е мерка за сопствениците на миленичиња.
За време на полицискиот час, дозволено е сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20.00 часот до 20.30 часот.
Во деновите сабота и недела, дозволено е изнесување на милениците наутро од 8.00 часот до 8.30 часот, попладне од 15.00 часот до 15.30 часот и во вечерните часови од 20.00 часот до 20.30 часот.
Дозволата се однесува за растојание најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.
Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.