Идн и Круз: Погледнете што работи и како изгледа омилената љубовна двојка од популарната ТВ сапуница „Санта Барбара“
Иако култната ТВ серија „Династија“ е меѓу телевизиските серии кои ги одбележаа 80-тите години од минатиот век, тогаш сигурно 90-тите поминаа во знакот на серијата „Санта Барбара“.
Снимени се дури 2.137 епизоди, преполни со случувања во богатото семејство Кејпвел, полни 9 години го пленеше вниманието на гледачите пред малите екрани. Иако од емитувањето на последната епизода поминаа повеќе од 27 години, спомените на некои од незаборавните ликови од овој серијал живеат и до ден денес.
Супердвојката за која веруваа дека е вистинска
Меѓу нив сигурно се и Идн Кејпвел и Круз Кастиљо, сопружници кои во историјата на телевизијата се запишаа како една од најомилените љубовни двојки на сите времиња. А колку домашната публика ги обожаваше сведочи и податокот дека за нивното помирување (наводно) се уплатувани и миси.
Улогата на богатата наследничка Идн и беше доверена на актерката Марси Вокер, додека избраникот на нејзиното срце ја одигра Еј Мартинез. Иако и денес речиси е невозможно да се замисли „Санта Барбара“ без оваа романтична двојка, продуцентите на серијата изворно имале сосема други планови.
Имено, Идн требаше да биде со Ворен Локриџ, а оваа информација во едно интервју ја откри токму Марси. „Снимав со него неколку сцени, но тие не донесоа ништо посебно. Наспроти нив, сцените кои ги одиграв со Мартинез веднаш покажаа една необјаснива силна хемија која сите ја забележаа. Двајцата добивме идеја за развивање на љубовната приказна меѓу нашите ликови“, истакна таа. Неочекувано е пак, она со што се случи во меѓувреме со неа.
Од актерска ѕвезда до пастор
Освен како Идн Кејпвел, актерката Марси Волер на љубителите на американските сапумици им е позната и како Лиза Колби од подеднакво успешната серија „Сите мои деца“.
Токму таа серија и беше и нејзина последна актерска задача бидејќи во 2005 година направи пресврт во кариерата, се сврте кон верата и одлучи да ги прифати понуденото место на црковна ТВ водителка на програма за деца во градот Шарлот во Северна Каролина.
За својата работа во сапуниците беше номинирана дури шест пати за актерската награда Еми, а интересно е што може да се пофали со пет бракови. Сепак, изгледа дека токму последниот склопен со Даг Смит пред 20. години беше оној вистинскиот.
Според последните информации оваа 58-годипна жена нема намера да се врати на глумата, а својата одлука за престанок на кариерата ја објасни вака: „Не сум подготвена да си ја продадам својата душа само за да бидам ѕвезда“. Во својот трет брак, Марси, денеска позната под презимето Смит го доби и своето единствено дете – синот Тајлер.
Глуми и во осмата деценија од животот
За разлика од Марси нејзиниот колега Еј Мартинез и натаму може да го видиме на малите екрани. Имаше епизодни улоги во сериите „General Hospital“, „Longmire и „Нашите најдобри денови“.
Сепак, никогаш не ја достигна славата која му ја овозможи ликот на полицаецот Круз Кастиљо. Тој секако му е благодарен на својот телевизиски лик кој го прослави. „Тоа беше моја голема можност, а таа серија беше пред своето време“, откри Еј Мартинез чие вистинско цело име му е Адолфо Ларуи Мартинез III.
https://www.instagram.com/p/B8EDuAfBy89/?utm_source=ig_embed
Тој во септември годинава ќе го прослави својот 72. роденден, а освен во глумата ужива во својот семеен живот, во друштво на сопругата Лесли Брајанс со која има три деца.