Горд на својата девојка објави дека станала европска жена на годината.
Веќе многупати ги споделува успесите на својата сакана и не е воопшто тајна дека се гордее со секој нејзин успех.
Игор Џамбазов и Илина Арсова уште од моментот кога објавија дека се заедно стана еден од најомелините парови во земјава.
Двајцата се како вљубени тинејџери и воопшто не ја кријат својата љубов еден кон друг.
Игор често се радува на секој нејзин успех, искачен врв, насликано уметничко дело или нејзината физичка подготвеност, а сега соопшти дека таа станала „европска жена на годината.
Односно делегацијата на Европската Унија во Скопје ја прогласи македонската ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова за „Европска жена на годината“.
Таа беше претставена од германската амбасадорка, Анке Холштајн.
Изборот се одржа по пат на Фејсбук-гласови, па така таа освои најмногу реакции од корисниците на оваа социјална мрежа.
„Им честитам и се воодушевувам на останатите жени кои учествуваа во изборот. Да продолжиме да инспирираме, да покажеме што е солидарност и да го менуваме светот заедно“, вели Илина.
Игор Џамбазов не криеше задоволството од оваа вест, па се огласи на Инстаграм велејќи дека таа секогаш ќе биде светска жена за него.
„Мојата единствена жена, стана ’Европска жена на годината‘. Честитки, љубов моја. За мене секогаш ќе си светска жена“, напиша Џамбазов на својот профил на Инстаграм.
Имено, Илина максимално е посветена на здравиот начин на живот, а покрај здравата исхрана, вредно вежба за да биде во топ форма. Впрочем за тоа зборуваат и нејзините видеа и фотографии на социјалните мрежи од кои можеме да видиме како се одржува во форма.
Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.