И покрај сите проблеми, Лила изгледа прекрасно, а со новата фризура – БОЖЕСТВЕНО! На саемот за венчавки го украде шоуто!
Изгледа преубаво…
Шармантната Лила Филиповска беше и остана една од нашите најубави водителки која со својата харизма привлекува внимание каде и да се појави.
Така беше и овој пат кога на саемот за венчавки во Скопје се појави, за прв пат по борбата со канцерот, со кратка коса.
И покрај тоа што помина тешка година, таа постојано зрачи со позитивна енергија и не дозволува болеста да ја совлада. На настанот се појави со нејзината препознатлива насмевка на лицето и изгледаше феноменално, а новата фризура направи да изгледа барем десетина година помладо.
Во прашање е кратка стилизирана фризура која совршено и стои, а која Лила ја носеше со преубава црна тоалета.
Фустанот е украсен со длабок шлиц и деколте во „V“ израз, а убавата водителка едноставно блескаше во него.
Инаку, Лила во новото издание на „Убавина и здравје“ за прв пат отворено зборуваше за борбата со канцерот.
Една од најпосакуваните жени во Македонија, со својот сензационален стил ја покори и насловната на познатиот магазин.
Таа и на фотографиите во магазинот е со кратка коса и сите се согласни дека изгледа прекрасно со оваа тренди фризура.
Познатата водителка цела година се бореше со тешката болест, и сега, кога борбата е веќе зад неа, заблеска во ова свое ново издание и ги воодушеви сите.
„Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи…“
„Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа“ изјави Лила за „Убавина и здравје“ и ги изненади со своите позитивни ставови и оптимизмот, но и со храброста.
Како што самата вели, повеќе од 20 години ја споделува интимата со публиката, раскажува за нејзините патувања, препорачува производи, па затоа смета дека е чесно и да каже дека се соочува со сериозен здравствен проблем, односно дека и беше дијагностициран канцер.
Таа е свесна дека многу жени се сочуваат со овој проблем и токму затоа реши да ја сподели својата приказна, да им покаже дека не се сами.
Па, големо БРАВО за храброста на оваа жена!