Реклама
Наши ѕвезди

И оваа Македонка има големи шанси да триумфира во „Ѕвездите на Гранд“ – и болна го украде шоуто

Таа е во тимот на Цеца и со својата скромност и неверојатен талент ги освои симпатиите на сите

Реклама

Македонката Мелиса Зијадиќ има 18 години и со својот последен настап повторно растури во „Ѕвездите на Гранд“.

Претставниците на жирито беа воодушевени кога ја слушнаа како го пее тешкиот репертоар, па токму тоа можеби беше и пресудно што Мелиса директно се пласираше во полуфиналето.

Имено, по првиот круг гласовите беа изедначени, па Мелиса избра македонска песна и ја испеа генијално во акапела.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на  Гранд

Ова беше доволно да и го обезбеди местото во полуфиналето иако таа и самата призна дека можеби и не заслужува да помине затоа што била многу болна, воодушевувајќи ги сите со својата скромност.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на  Гранд

По настапот Вики Миљковиќ ја пофали за прекрасните трилери со кои Мелиса ги украси песните, а кога младата пејачка го зема микрофонот и кажа дека е премногу болна, Марија Шерифовиќ веднаш ја прекина и кажа дека нема врска што таа е болна.

Принтскрин/ Ѕвездите на  Гранд

„Тоа малку се слушна, но навистина ништо страшно, сјајна си“ коментираше Марија и додаде дека ,според неа, и останатите кандидати се толку добри што заслужуваат сите да одат во финалето.

Принтскрин/ Ѕвездите на  Гранд

„Две прекрасни девојки и двете сте за финале што се однесува до мене. Но Мелиса вечерва баш тежок репертоар и одлично се избори со тоа. И вечерва и преубаво изгледаше и затоа го доби мојот глас“, коментираше Снежана Ѓиришиќ, а сличен коментари имаше и нејзината колешка Ана Бекута.

Македонија може да биде горда со тебе, изјави Ѓорѓе, а на крајот се огласи и Цеца, менторката на Мелиса, и ги пофали и двете пејачки.

Принтскрин/ Ѕвездите на  Гранд

Како изгледаше настапот на Мелиса, погледнете во продолжение…

Потсетуваме, покрај Мелиса во полуфиналето ќе го гледаме и маркантниот велешанец Мики Секуловски кој исто така директно се пласираше, додека атрактивната Андријана Петрушовска тоа го направи од бараж иако и таа растури на сцената.

Принтскрин/ Инстаграм

Нејзиниот настап заради еден детаљ посебно ги воодушеви гледачите од Македонија, а за што станува збор, прочитајте тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button