Џоан Колинс во осумдесеттите беше една од најпознатите секс симболи на малите екрани благодарение на улогата на Алексис што ја толкуваше во популарната серија Династија. Таа имаше бурен љубовен живот и пет бракови, а со последниот сопруг, кој од неа е помлад цели 32 години, се омажи во 2002 година.
Како припадничка на постарата генерација на холивудски дами, за разлика од помладите, Колинс ни во лежерни ситуации не пропушта ништо на случајноста па секогаш кога излегува од дома е стокмена од глава до пети.
Така беше и овој пат кога фотографите ја забележаа во темно сина тренерка со која ја откри витката линија.
Темносиниот долен дел од тренерката познатата актерка го носеше со маица со бели риги, а доза гламур додаде и со црните очила за сонце, впечатлив црвениот кармин на усните и големиот бел шешир.
На нозете наместо патики сепак носеше мокасини, а целата комбианција ја заокружи со црна кожена јакна.
Па, што велите за ова издание на оваа 85 годишна дама?