На оваа дама никогаш не би и поверувале колку години има
Кристи Бринкли палеше и гаснеше во 70-тите и 80-тите, а и денес има тело од милион долари на кое можат да и завидуваат и мнооогу помлади дами. Русокосата убавица иако за неколку месеци ќе наполни 66 години, таа со својот неверојатно младолик изглед, но и одлично модно издание, беше во центарот на вниманието на доделувањето на наградите „The Daytime Beauty Awards“ во Лос Анџелес.
Поранешниот модел откако заврши со својата кариера започна бизнис со вина, но таа и ден денес е во центарот на вниманието поради својот изглед. Токму затоа и многу дами се интересираат како оваа жена се негува, па еве некои од нејзините тајни за разубавување.
Имено, Кристи неодамна откри дека денот го започнува со пилинг за лице со кој ги отстранува мртвите ќелии од кожата и лицето. На нејзиното мени никогаш нема да видите нездрава храна, а покрај храната и негата, таа води сметка и физички да биде активна и секојдневно вежба.
На неодамнешното доделување на „The Daytime Beauty Awards“ во Лос Анџелес поранешната манекенка ги воодушеви сите со својот припиен бел комбинезон со широки ногавици и ефектни ракави, а целото издание го заокружи со жолти модни додатоци – „bucket“ чанта, сандали со високи потпетици и висечки обетки.
Инаку, таа од овој настан дома си замина со награда за извонредни достигнувања во категоријата здравје.
Но покрај гените, во прашање се и редовни третмани за разубавување
Бринкли порано отворено зборуваше и на тема естетска хирургија изјавувајќи дека никогаш нема направено пластична операција. Таа наводно само еднаш во животот пробала ботокс кој не и се допаднал воопшто, но затоа оди редовно на бјути третмани и во лицето става филери. Нејзините брчки ги пегла со помош на инјекциите Хеомин (ботулински токсин) кој делива слично на ботокс, а лицето и вратот го затегнува со помош на терапија која го поттикнува производството на колаген и ја зацврстува кожата.