И кога носи најобични фустани изгледа беспрекорно – Меган Маркл повторно го воодушеви целиот свет
Едноставни, но повтпорно шик изданија на војвотката
Иако често носи модели со високи цени, Меган одвреме-навреме знае и да исплови од луксузните води и да се потпре на попрактични и поевтини модели. Бидејќи веќе некое време е на турнеја низ Австралија и блиските острови и бидејќи е бремена, поранешната актерка деновиве можевме да ја видиме и во неколку практични и едноставни изданија.
Првото го носеше кога заедно со принцот Хари присуствуваше на состанокот со премиерот на Тонга, а потоа познатиот пар присуствуваше и на еден културен настан. Нејзиниот бел фустан-кошула со ремен и зелени пруги совршено се вклопи со салонките во боја на шарите на фустанот.
При таа прилика парот беше закитен со традиционално тонганско цвеќе „фа“ и „пуатонга“, а потоа добија и „тоавели“ – рачно направени додатоци за облека што преставуваат тонганско почитување на повисоката класа.
Потоа Меган се пресоблече во еднодтавен фустан во сина боја со крој кој и овозможи комфор, но и во исто време и стоеше одлично. Таа го носеше со нешто посветли чевли, исто така во сина боја, кои дефинитивно беа полн погодок за оваа комбинација на убавата војвотка.