И додека некои мајки одбиваат да дојат, порно дивата Џена Џемсон вчера прослави 18 месеци од успешното доење на својата ќеркичка
Кога е мајчинството во прашање Џена Џејмсон секогаш е искрена
Taa има 44 години и е поранешна ѕвезда на филмови за возрасни, но нема проблем да објави фотографија на која го дои своето бебе и отворено да каже што мисли за тоа.
„18 месеци го дојам мојот мал ангел. Не можам да ви ја опишам неверојатната поврзаност меѓу нас што го создава доењето“, напиша и додаде дека во овие 18 месеци имала и тешки моменти, но целото искуство е незаменливо.
https://www.instagram.com/p/BgWpOjJgEYd/?utm_source=ig_embed
„Беше напорно, ми одземаше време и понекогаш ме фрустираше, но не би менувала ниту една секунда“, вели таа.
Џемсон е мајка и на деветгодишните близнаци Џеси Џејмсон и Џурнеј Џети, а веќе подолго време го промовира доењето на нејзиниот профил на социјалните мрежи. Објавува фотографии со кои ја открива позитивната страна на ваквиот начин на хранење на детето, но редовно зборува и за предизвиците и помалку гламурозните моменти со кои мајките се сретнуваат додека се грижат за своите бебиња.
https://www.instagram.com/p/Be8ge2pg26n/?utm_source=ig_embed
„Да, тешко е и исцрпена сум до 20 часот, едноставно снемувам енергија за излегување, но не би променила ништо“, вели Џена. Таа и пред неколку месеци кога ја објави фотографијата на која што ја дои ќерката под тушот истакна дека мајчинството не е секогаш сјајно и совршено како што мислат многу корисници на Инстаграм, но не се жали.
https://www.instagram.com/p/BeT4ByFAEp1/?utm_source=ig_embed
„Постојат денови кога ја проверувате сопствената сила и способност. Но постојат и тешки денови како денешниов кој ви ја докажува вашата бескомпромисна сила. Не спиев два дена и кутрата Бател повраќаше на секои 40 минути. Но во ова сме заедно. Ова сé е само за несебичните мајки, поради вас се врти светот“, порача таа на социјалните мрежи.