Пријатно изненадување
Пратеникот Мухамед Зекири се ожени со неговата девојка Бисера Јордановска со која неколку години беше во врска.
Нивната свадба се одржа во хотелот Double Tree by Hilton, а кум и кума им беа премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева. Покрај премиерот и неговата сопруга, на свадбената веселба беше поканет и претседателот Стево Пендаровски како и министрите од Владата Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Рената Дескоска и други.
Секако дека најмногу внимание привлече убавата невеста со нејзината венчаница која и стоеше феноменално. Имено, Бисера носеше бајковита венчаница која во горниот дел е отворена, со гол грб, додека во долниот се простира по подот и целосно е украсена со детали поради кои убавата невеста изгледаше како вистинска принцеза.
Покрај невестата во центарот на вниманието беше и сопругата на премиерот Зорица Заева која носеше преубав фустан во смарагдно зелена нијанса.
Во прашање е раскошна тоалета со должина до подот и долги ракави, направена од светкав материјал во смарагдно-зелена нијанса. Фустанот е на преклоп во долниот дел и со отворено деколте во „V“ израз, со интересен детаљ во пределот на половината кој создава визуелен ефект на ремен.
Инаку, смарагдно-зелените нијанси веќе неколку сезони се вистински хит меѓу љубителките на модата. Во прашање е боја која симболизира богатство, раскош, елеганција, софистицираност и луксуз, а и како да биде поинаку која е боја на еден од највредните скапоцени камења.
Многумина сметаат дека за популарноста на оваа боја најмногу допринесе војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон која важи за модна икона и досега повеќе пати се има прошетано во фустани во оваа нијанса. Оваа боја е симбол на природата, животот и здравјето, и што е најважно, лесна е за комбинирање и одлично им стои на сите, без разлика на боја на косата и тенот.
Хурем во раскошен фустан во смарагдно-зелена нијанса
Во продолжение погледнете фустани од најпознатите брендови во оваа шик нијанса.