Зоки Фаци се соочи со непријатна ситуација- еве на што налета, многумина се ЗГРОЗЕНИ од глетката
Иако веќе подолго време не се занимава со новинарство, контроверзниот Зоран Василевски или познат како Зоки Фаци е сè уште актуелен во јавноста.
Зоки отсекогаш важел за голем професионалец, а можност имал да прави интервју со најголемите ѕвезди од балканот.
Секогаш без влакна на јазикот и со директни прашања, тој важи за многу „незгоден“ новинар за соработка.
Зоки смени професија и од новинар стана инфлуенсер и е доста активен на социјалните мрежи каде и покажа дека деновиве имал непријатна ситуација и непоканет „гостин“ во неговиот двор.
Имено во дворот најверојатно во неговата викендичка Зоки Фаци сними змија.
Додека змијата се виткаше во близина на оградата, љубопитна мачка си „поигруваше“ со неа и се обидуваше да сфати за што се работи.
Целата случка Зоки ја документираше на неговиот мобилен телефон и ја сподели со фановите.
Имено ова не е единствената непријатна случка која му се случи на Зоки Фаци во изминатиот период.
Неодамна се крена голема прашина поради контроверзната снимка, на која тој наводно е во „друштво“ на момче, за која Зоки веднаш се огласи на социјалните мрежи.
„Не пријавив ради себе, туку за другите после мене, мене освен Бог не може и нема право да ми суди. Никогаш не сум се правдал, оставам се во рацете на Бог еден и единствен“, напиша Зоки на Инстаграм.
Неколку дена подоцна тој напиша дека случајот е во рацете на одделот за сајбер криминал.
Инаку тој важи за човек „без влакна на јазикот“.
Зоки при гостување во емисија со Стефан Лазаров рече дека му пукнал филмот и не сака да биде на телевизија после 14 години кариера, а денес е инфлуенсер.
– Нашите македонски ѕвезди треба да сфатат дека ако се бавиш со шоу-бизнис треба да се сфати дека тоа е двојно поле, но нашите ѕвезди губат што не се појавуваат во вакви емисии како твоите и мојата. Немал дечко не се соблекувала, не била таква, па нема што да прашаш. Светските ѕвезди станаа такви, еве пример Мерлин Монро и Џенифер Лопез се соблече на 50 години, но кога Тамара се соблече ја критикуваа-рече Зоки.